Хазбула Магомедов е голема интернет-сензација во изминатите месеци, а момчето со мал раст од Русија кој има осумнаесет години е најмногу популарен меѓу ММА заедницата, па така, има влијание и кај првиот човек на УФЦ, Дана Вајт.

Многумина бараат симпатичниот Хазбула да влезе во октагонот со Абду Розик. Двајцата се со мал раст поради болеста дварфизам, а преку социјалните мрежи си испраќаа „заканувачки“ пораки и објавите пребрзо се раширија.

Поради големиот интерес, Вајт даде одговор дали Хазбула еден ден би можеле да го видиме во УФЦ, а одговорот не беше негативен.

„Го сакам тоа момче. Дали постои повеќе од нула отсто шанси да го видиме во УФЦ? Да!“, изјави Вајт.

Хазбула минатиот викенд беше гостин на УФЦ во Абу Даби и привлече големо внимание кај присутните. Причината за неговото присуство на овој настан беше борбата на Ислам Махачев кој е негов пријател.