Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ја одобрила вакцината „Коваксин“ против Ковид-19 за итна употреба, која ја произведува индиската фармацевтска компанија „Барат Биотек“.

Техничката советодавна група утврди дека вакцината Коваксин ги исполнува стандардите на СЗО за заштита од Ковид-19 и дека придобивките од вакцината многу ги надминуваат ризиците и дека вакцината може да се користи – наведува СЗО во твитот.

Советничката група на СЗО се очекуваше да донесе одлука за „Коваксин“ минатата недела, но побара дополнителни појаснувања од „Барат биотека“ пред да се изврши конечната проценка на ризикот.

„Коваксин“ беше „под лупа“ и на Стратешката советодавна група експерти за имунизација на СЗО, која препорача негова употреба во две дози, со интервал од четири недели, кај сите возрасни групи од 18 години и постари.

„Коваксин“ е седмата вакцина што доби поддршка од СЗО, откако „зелено светло“ добија вакцините „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“ и „Синофарм“.

Според Ројтерс, овој потег го отворил патот оваа вакцина да биде прифатена како валидна вакцина во многу сиромашни земји

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.