Скоро 15 милиони луѓе умреле од инфекција со коронавирус или од нејзиното влијание врз пренатрупаните здравствени системи во последните две години, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Би-Би-Си наведува дека бројот на смртни случаи е речиси 15 милиони, што е за 13 отсто поголем од вообичаениот број на смртни случаи во светот за две години. Најголем број на смртни случаи има во Југоисточна Азија, Европа и Америка. Според официјалните податоци на СЗО, вкупниот пријавен број на починати од коронавирусот во светот е 5,4 милиони. СЗО користи методологија наречена „прекумерна смртност“ или „вишок морталитет“, односно пресметува уште колку луѓе починале во однос на очекуваниот број на смртни случаи врз основа на стапката на смртност пред пандемијата.

Advertisements

Прикажи повеќе