Неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија, Франција, Италија и Обединетото Кралство, пребрзо ги укинаа своите антивирусни мерки и сега се соочуваат со голем скок во случаите на корона вирус предизвикан од БА.2 под варијантата на омикрoн сојот, истакна денеска Светската здравствена организација.

Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге на прес конференција во Молдавија кажа дека „внимателно ја следи“ моменталната епидемиолошка ситуација на континентот, нагласувајќи истовремено дека останува „оптимист“.

Во моментов растат бројките на случаи на Ковид-19 во 18 од 53 земји, кои припаѓаат на европската зона на СЗО, наведува организацијата.

Земјите во кои бележиме посебен раст на бројот на заразени се Велика Британија, Ирска, Кипар, Грција, Франција, Италија и Германија – рече Клуге.

Овие земји нагло ги укинаа ограничувањата, од „премногу рестрикции на недоволно“, оцени тој.

Според СЗО, бројот на новозаразени во Европа значително се намалил по врвот на крајот на јануари, но повторно почнал да расте на почетокот на март.

Според епидемиолозите, овој нов скок се објаснува со доминацијата на подваријантата на омикрон сојот, која е околу 30 проценти позаразна, но не и поопасна од нејзината претходничка BA.1.

Во текот на изминатите седум дена во зоната на СЗО за Европа, пријавени беа повеќе од 5,1 милиона нови случаи на инфекции и 12.498 смртни случаи

Петтиот бран што ја погоди Европа не е завршен, а експертите укажуваат на „небрежната“ политика низ Европа, каде што земјите веќе беа обвинети за пребрзо укинување на мерките за време на претходните бранови.

Во моментов сум оптимист, но претпазлив – изјави Клуге и додаде дека сите „ќе мораме да живееме со Ковид-19 уште некое време, но тоа не значи дека не можеме да се ослободиме од пандемијата“.

Треба да се фокусира на четири приоритети, заштита на ранливите, зајакнување на надзорот и секвенционирањето, овозможување на земјите пристап до нови антивирусни лекови и насочување кон постковид или долгиот ковид.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.