Досега се евидентирани 348 случаи на хепатитис со непознато потекло, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Се разгледува претпоставката дека аденовирус е причината за оваа мистериозна болест, што главно ги напаѓа децата, а се поврзува и со ковид-19, јавија странски медиуми.

Advertisements

Според СЗО, случаи на хепатитис со непознато потекло забележани се во 20 земји. Има уште 70 сомнителни случаи, во 13 земји, чии резултати од тестови се чекаат.

Во шест земји има над пет случаи, а само во Велика Британија пријавени се 160 пациенти.

Филипа Истербрук, од програмата на СЗО за сузбивање хепатитис, тврди дека има значаен напредок во истражувањата.

Како што појасни Истербрук, главните хипотези околу тоа што ја предизвикува болеста, го вклучуваат аденовирусот, земајќи ја предвид важната улога на ковид-19, како здружени инфекции или како претходно прележани инфекции.

Аденовирусите обично се шират низ капки и преку заразени површини.

Околу 18 отсто од пациентите со овој хепатитис од непознато потекло, биле позитивни на ковид-19, покажаа резултатите од тестовите.