Дваесет и седум лица, од кои повеќето тинејџери, се повредени кога се урна привремен пешачки мост во финскиот град Еспо, непосредно пред главниот град Хелсинки, пренесува Ројтерс.

Повредите не се опасни по живот, додаваат тие.

Децата биле дел од група од 14 и 15-годишници кои се враќале од екскурзија заедно со нивните учители кога се урна привремениот пешачки мост, изјави на прес-конференција лекар од областа на болницата во Хелсинки.

Прикажи повеќе