Во киевското метро на свет дојде малата Миа. 23-годишна Украинка, бегајќи од ракетниот оган во борбата за главниот град, се породила во подземното засолниште, пренесува „Дејли мејл“.

Првиот плач на Миа се случил во метрото, откако украинскиот полицаец Микола Шлапак, и пришол на помош на нејзината мајка и ја спровел во засолништето. Полицацеот помогнал жената да се породи а потоа повикал и брза помош, по што мајката и бебето биле хоспитализирани. Од болницата известиле дека и тие се во добра здравствена состојба. Фотографијата од мајката на Миа (23) брзо го обиколи светот, а веста за нејзиното раѓање брзо се прошири на социјалните мрежи. /Алсат.мк

Прикажи повеќе