Денеска е Св. апостол Петар.

На овој ден се спомнува апостол Петар заради оковите во кои беше ставен во времето на Ирод и од кои беше ослободен на чудесен начин.

Христијаните ги чуваа овие окови заради чудата што се случуваа преку нив. Во петтиот век царицата Евдокија еден дел од оковите испрати во Цариград, во црквата на Светите Апостоли, а другиот дел го прати во Рим а Евдоксија, жената на западниот римски цар Валентинијан Трети.

Евдоксија изгради црква и во неа ги положи оковите.