Света Евгенија потекнувала од видна римска фамилија. Татко и Филип бил управник на Александрија и цел Египет. Тајно го напуштила домот и, преоблечена како машко, стапила во еден манастир.

Подоцна, некоја жена ја набедила дека ја принудува на незаконит однос, па била изведена пред управникот Филип, својот татко. За да се покаже вистината, Евгенија ја открила својата тајна.

Нејзините родители, кои многу и се израдувале, гледајќи го ова чудесно сведоштво и самите поверувале во Христа. По некое време Филип пострадал маченички, а останатите од семејството се вратиле во Рим.

А во Рим, во 262 година, на денот на раѓањето Христово, маченичкиот венец го прими и света Евгенија.