Сенегал во своето трето финале дојде до првиот трофеј на Африканскиот куп на нации.Сенегал уште во седмата минута можеше да дојде до водство, но Садио Мане не реализираше пенал.

Во продолжението од натпреварот и двете репрезентации имаа свои шанси за гол, но голманите беа фантастични и не дозволија нивната мрежа да се затресе, не само по 90 минути игра, туку по 120.

Откако и во продолженијата немаше голови, пеналите требаше да го решат победникот. Во ударите од белата точка, Египет двапати промаши, Сенегал само еднаш и на крајот тие се репрезентацијата која се радува на својот прв трофеј шампион на Африка.