Фудбалерот на Барселона Ансу Фати повторно ќе паузира. Каталонскиот гигант потврди дека 19-годишниот напаѓач заработил повреда на бутниот мускул и можно е повторно да паузира подолго време поради оперативен зафат.

Доколку се лекува по конзервативен пат, тогаш Ансу Фати ќе паузира околу три месеци. Но, многу подобро би се санирала повредата со хируршки зафат и тоа го препорачуваат клупските лекари на Барселона.

.