Светски познатиот проф. д-р Огнен Гајиќ, специјалист по интензивна медицина и белодробни заболувања кој е еден од водечките доктори на клиниката Мајо во Рочестер во САД, навел кои лекови се ефикасни против коронавирусот.

Специјалистот по интензивна медицина и белодробни болести истакнал кои терапии според него се најефикасни во ублажување на текот на болеста.

Досегашните истражувања покажаа различна ефикасност во зависност од стадиумот на инфекцијата. Во фаза на вирусна репликација, што е приближно првата седмица од болеста, одредена ефикасност покажале моноклоналните антитела и антивирусниот лек ремдесивир. Не го намалуваат ризикот од смрт, но го ублажуваат текот на болеста, изјавил тој за домашните медиуми.

Во подоцнежна фаза при зголемен имун одговор, а тоа се хоспитализираните лица со воспаление на белите дробови, д-р Гајиќ истакнал дека како најефикасни се покажале кортикостероидите кои во умерена доза го намалуваат ризикот од смрт.

Некои студии покажаа добар ефект на терапевтска доза на хепарин, и тоа по прием во болница. Кај болните со нагло влошена состојба во текот на болничкото лекување, одреден ефект имаат и новите имуномодуларни лекови, како тоцилизумаб, барицитиниб, изјавил проф. Гајиќ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.