Зинедин Зидан би можел да го замени селекторот на саудиската репрезентација, Италијанецот Роберто Манчини, објавија медиумите во Франција и Италија.

Според овие извор, Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија ја разгледува можноста како да го „привлече“ Зидан во репрезентацијата на Саудиска Арабија, бидејќи со недели се шират гласини дека договорот на Манчини, кој е до јануари 2027 година, ќе биде скратен, пишува „Фигаро“, повикувајќи се на италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Неодамнешниот пораз на Саудиска Арабија од Јапонија (0:2), проследен со ремито против Бахреин (0:0), во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, ги натера челниците на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија да почнат да размислуваат да му врачат отказ на Манчини, кој беше исвиркан од навивачите на последниот натпревар.

Зидан, не работел никаде откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година и операцијата да стане селектор на Саудиска Арабија ќе биде исклучително тешка.

Поранешниот фудбалер познат по прекарот Зизу учтиво ги одбива понудите и живее тивко надвор од светот на фудбалот, оцени Фигаро.

Текстот Саудијците ќе го убедуваат Зидан да го преземе националниот тим е превземен од МАКФАКС.