Еден од најголемите инвеститори на Твитер, саудискиот принц Алвалид бин Талал, го отфрли предлогот на милијардерот Илон Маск да ја преземе целосната контрола врз компанијата, објави Ројтерс.

„Мислам дека понудата на Маск не е блиску до реалната цена на Твитер, со оглед на изгледите за раст на компанијата“, напиша принцот на Твитер.

Маск понуди да ја купи компанијата за 43 милијарди долари, да ја тргне од берзата и да ја направи платформа за слободен говор.