Швеѓанката Сара Хектор е победничка на велеслаломот што се возеше во Кронплац. Таа до третиот триумф сезонава стигна со 15 стотинки подобро вкупно време од Петра Влхова од Словачка додека третопласираната Французинка, Теса Ворли заостана половина секунда.

Хектор се зацврсти на првото место во редоследот за велеслалом со 462 бода, 95 повеќе од Ворли, а Микаела Шифрин заостанува 101.

Во генералниот пласман за Светскиот куп, Шифрин е на чело со 1026 бода. Влхова во досегашниот тек од сезоната има 1009 додека Италијанката, Софија Гоџа е трета со 769.