Во Брисел денеска започнува дводневниот Самит на ЕУ, а главна тема на разговор денеска ќе биде Украина, соопшти претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

Лидерите на Европската унија денеска ќе разговараат за војната во Украина со шефот на ОН Антонио Гутереш и исто така ќе го поддржат планот за зголемување на снабдувањето со артилериски гранати за Киев.

Гутереш ќе биде гостин на самитот во Брисел, неколку дена по обновувањето на договорот постигнат со посредство на ОН и Турција за безбеден извоз на украинско жито преку Црното Море. За таа хуманитарна мерка ќе се разговара на работниот ручек со Гутереш пред тој да замине, а лидерите на ЕУ ќе добијат последни информации за војната од украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео врска, соопштија официјални лица.

Прикажи повеќе