Наоѓање можности за просторно проширување, санирање и зајакнување на капацитетот на Клиничката болница во Тетово, како и за проширување на медицинскиот тим за задоволување на здравствените потреби на населението од овој регион, биле тема на средбата на министерот за здравство Беким Сали со директорот на болницата, Амир Елези, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети, како и со економскиот директор на болницата, Арменд Фазлиу.

На средбата, како што посочува Сали во објава на неговиот фејсбук профил, се разговараше и за реорганизација на медицинскиот персонал, со цел зголемување на нивната ефикасност во обезбедувањето здравствени услуги.

Тетово и воопшто полошкиот регион заслужуваат достоинствена Клиничка болница, што ги исполнува сите современи здравствени стандарди, напиша Сали.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.