Ливерпул доживеа пораз на гостувањето кај Лестер (1-0) во натпревар од 20. коло во англиската Премиер-лига. „Црвените од Енфилд“ не ги искористуваа своите шанси, а казната стигна од Адемана Лукман кој во второто полувреме го постигна победничкиот гол за „лисиците“.

Во која насока ќе оди натпреварот се виде уште по само 16 минути игра кога Мохамед Салах не успеа да реализира пенал. Ова е само втор промашен пенал за Египќанецот во кариерата, а прв по дури четири години, откако претходно промаши пенал во 2017 година против Хадерсфилд.

Прикажи повеќе