реклама

За повеќе волумен на вашата коса, мора да го знаете овој трик за сушење коса.

Најдобрите трикови често се наједноставни. А за вашата коса да има најдобар можен волумен, се препорачува брз трик со фен за шик фризура со нагласен волумен.

реклама

Тоа ќе го постигнете додека ја сушите косата, а тоа го потврдуваат и бројни стилисти и фризери кои го испробале овој трик на светските ѕвезди.

Фризерката Зои Ирвин го забележала на познати Французинки и самата го применува, а еве за што се работи. „Она што парижаните го прават кога ја сушат косата со фен е да се фокусираат на скалпот. Колку повисоко е подигната косата во коренот, толку поистакнати се контурите на лицето“, изјави таа за модниот магазин. Како примери ги наведе Брижит Бардо, Шарлот Гејнсбур и Клеменс Пози.

реклама

„Соберете го задниот дел од косата во триаголник и завиткајте голема четка околу неа“, рече таа, додавајќи дека колку е поголема четката, толку повеќе ќе додаде волумен.

Важно е топлината на фенот да биде на најсилно ниво, бидејќи после тоа е потребно да се префрли на поладно фенирање, за да се зајакне обликот на косата. Потоа само ја ослободуваме косата од четката.

реклама

Дури и ако ја исушите косата со фен, тоа ќе ви даде одреден волумен“, објасни таа. Плус, таа сподели уште неколку совети за сушење.

  1. Прво, брзо исушете ја косата

„Така ќе отстраните 95 отсто од водата“, рече таа и објасни како косата многу полесно се обликува и зачувува подоцна бидејќи додека е влажна многу полесно се оштетува.

  1. Мора да бидете попрецизни додека го движите фенот

Не го мрдајте додека ја сушите косата, па почнете со докажан метод. „Со прстите ги крева поголемите делови од косата од дното и го врти фенот“, рече таа. Таа објасни дека на овој начин воздухот стигнува се до скалпот и помага да се зголеми волуменот без триење.

  1. Дајте си време

„Секој дел е подеднакво важен при сушењето на косата. Загрејте го секој дел темелно, а потоа исушете го со поладен воздух пред да преминете на следниот дел“, објасни таа. Ова осигурува дека секое влакно ќе биде на своето место, а дополнително – студениот воздух ќе ја измазнува површината на косата за да блесне повеќе.

  1. Користете производи за стилизирање

Нанесете малку масло за коса на дланките и поминете низ врвовите“, заклучила Ирвин. Сепак, не претерувајте бидејќи се што изгледа малку несовршено е многу пореално и поубаво.

реклама