САД ќе испратат високотехнолошки ракети со среден дострел во Украина. Ракетните системи се дел од новиот пакет американска воена помош за Украина од 700 милиони долари.

Advertisements

Соединетите Американски Држави очекуваат Украина да го распореди ова оружје во источниот регион Донбас, каде борбите се најинтензивни.

И канцеларот Олаф Шолц рече дека Германија ќе и достави на Украина современи противвоздушни ракети и радарски системи.

„Германската влада штотуку одлучи да го достави системот IRIS-T, најмодерниот систем за воздушна одбрана што го има Германија. Ова ќе и овозможи на Украина да се одбрани од руските воздушни напади“’, изјави Олаф Шолц, канцелар на Германија .

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги обвини Соединетите Држави дека долеваат масло на огнот, откако соопштија дека ќе испратат ракети со среден дострел во Украина.

Во последните 24 часа пријавени се седум загинати, а 16 повредени. Од почетокот на војната, 243 деца загинале во руските бомбардирања и напади врз земјата.

Шкелзен Аќифи