САД забележаа тројно зголемување на бројот на случаи на ковид-19 во текот на изминатиот месец и постојан пораст во изминатите пет недели, изјави Рошел Валенски, директорка на американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Седумдневната инциденца се зголеми за 26 отсто во однос на претходната недела и изнесува 94 000 случаи дневно, истакна Валенски пред Белата куќа.

Просечниот број на хоспитализирани дневно се зголеми на 3 000, што е за 19 отсто повеќе од претходната недела.

Според неа, просечно 275 луѓе умираат дневно со ковид-19.

„Треба да имаме на ум дека секој човек што го загубил животот поради ковид-19 претставува трагедија, а речиси 300 смртни случаи дневно се сè уште премногу“, рече Валенски.

Прикажи повеќе