Американските власти денеска соопштија дека едно лице е убиено, а две се ранети во пукање во средно училиште во градот Нешвил, Тенеси.
Портпаролот на Медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт, Џон Хаузер, потврди дека едно лице загинало во престрелката, а две ранети се хоспитализирани, пренесе АП.
Се претпоставува дека напаѓачот прво ранил двајца ученици, а потоа си го одзел животот, соопшти полицијата.
Портпаролката на полицијата засега не може да потврди дали напаѓачот бил и ученик во училиштето, пренесува Танјуг.