Американските регулатори ги одобрија првите вакцини против ковид-19 за доенчиња и деца на предучилишна возраст, објави Асошиетед прес.

Advertisements

Тоа го отвора патот следната недела да започне вакцинацијата за децата до 5 години.

Дозволата за итна употреба од страна на Администрацијата за храна и лекови на САД уследи по едногласна препорака од нејзиниот советодавен панел. Ревизијата од Центрите за контрола и превенција на болести се очекува во текот на викендов.

Вакцините за деца се направени од „Модерна“ и „Фајзер“. Тоа значи дека деца под 5 години, приближно 18 милиони, се квалификуваат за вакцини.

Администрацијата за храна и лекови им овозможува на компаниите да започнат со испорака на милиони однапред нарачани дози низ целата земја.

Вакцинирањето на возрасни во САД почна кон крајот на 2020 година, речиси една година од почетокот на пандемијата./ https://mk.voanews.com/a/6621785.html

Прикажи повеќе