Американскиот Стејт департмент соопшти дека ставот на Вашингтон е дека е прерано да се оцени напредокот на преговорите во Виена за обновување на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, откако во понеделникот продолжија индиректните разговори меѓу делегациите.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс синоќа изјави дека САД сè уште не виделе „доволна итност“ во пристапот на Иран, додавајќи дека „Вашингтон очекува да ги види сите страни во преговорите конструктивно и упорно да работат на постигнување напредок“.

Прикажи повеќе