Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба ќе остане до крајот на сезоната во Манчестер јунајтед.

Погба  по завршувањето на сезоната, ќе замине од „Олд Трафорд“ како слободен играч.

Челниците на Јунајтед се свесни дека Погба од 1 јануари може да преговара со други клубови. Сепак, не размислуваат да го продадат бидејќи се надеваат дека фудбалерот ќе го продолжи договорот.

Погба нема одиграно натпревар од почетокот на ноември кога го повреди бутниот мускул.

Наводно за него се заинтересирани ПСЖ, Барселона, Реал Мадрид и Јувентус.