Осумнаесетгодишен матурант детонирал експлозивна направа во православно средно училиште во близина на Москва, при што се повредил себе си и уште 10 други ученици.

Детската правобранителка за московскиот регион, Ксенија Мишонова денеска изјави дека осомничениот и уште 10 ученици се повредени во верско православно училиште кое се наоѓало веднаш до манастирот во градот Серпухов.

„Еден тинејџер одби хоспитализација, а другите се сместени во различни болници во московскиот регион. Тие се наоѓаат надвор од животна опасност“, рече правобранителката Мишонова. Таа не даде информации за состојбата на осомничениот напаѓач.

Претставници на регионалната полиција на Москва претходно изјавија дека осомничениот бомбаш е тешко ранет.

Прикажи повеќе