Пентагон објави дека ќе ѝ помогне на Украина со ново оружје во вредност од 300 милиони долари. Портпаролот на Пентагон Џон Кирби, рече дека помошта го покажува американското инсистирање на суверенитетот на Украина. Централниот штаб најави повлекување на руските војници во насока на Белорусија. Украинскиот претседател Володимир Зеленкси, изјави дека руската армија се повлекува, но ги минира областите населени со цивили.

„Окупаторите го напуштаат северот на нашата земја, полека, но очигледно. Во некои региони тие заминаа со борби, а од други делови заминаа доброволно. По нивното повлекување ситуацијата е катастрофална и опасноста сè уште останува. Воздушните напади ќе продолжат. Тие поставуваат мини низ целата територија, во куќи, населби, па дури и на тела на загинати“, рече Зеленски.

Стотици Украинци беа евакуирани од Мириупол и Бердјанск ден претходно. Во меѓувреме, украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, најави нови седум хуманитарни коридори за евакуација од опколените области. Во градовите како Миколаив и Чернихов, започнато е расчистување на урнатините, но Црвениот крст се соочува со потешкотии при влегувањето во воените зони.

На 38-от ден од руската инвазија на Украина, билансот на загинати цивили изнесува над 1.200 додека 1.900 се повредени. Над 4 милиони Украинци ги напуштија своите домови, а скоро 3 милиони од нив се засолнети во Полска.

Адријан Керими