Руските сили рано утрово извршија, како што се наведува, исклучително интензивен воздушен напад врз Киев, користејќи беспилотни летала и крстосувачки, а според некои извештаи, веројатно и балистички ракети, објавија властите на главниот град на Украина.

Станува збор за осми воздушен напад на Киев во текот на овој месец.

„Во однос на интензитетот, тој беше исклучителен – максимален број ракети во најкраток можен временски период“, објави на Телеграм шефот на воената администрација на главниот град на Украина, Серхиј Попко.

Според прелиминарните информации, наведува тој, повеќето од непријателските цели во воздушниот простор на Киев биле детектирани и уништени.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека остатоците од новиот руски напад запалиле неколку автомобили и оштетиле зграда во населбата Соломјански, во западниот дел на главниот град.

Според него, во нападот утринава биле повредени три лица.