Корисниците на Нетфликс во Русија ја тужат услугата за стриминг која беше откажана поради инвазијата на Украина.

Нетфликс ги оневозможи услугите за гледање во Русија, но ги суспендираше и сите нови преговори и продукција на руски серии како што е детективската драма „Зато“.

Ова ја поттикна адвокатската фирма „Чернишов, Лукојанов и партнери“ да поднесе тужба во име на претплатниците против стриминг гигантот, а во тужбата се наведува: „Причината е кршење на правата на руските корисници поради одлуката на Нетфликс да престане да дава услуги во Русија. 

Тие бараат отштета од 60 милиони рубљи или 724 илјади долари. Инаку, Нетфликс има помалку од милион претплатници, а локализираната услуга е достапна помалку од една година.

Да потсетиме, Нетфликс во февруари одби да се согласи со новодонесената законска одредба според која стриминг сервисите мора да понудат и 20 руски државни канали кои ќе шират проруска пропаганда.