Руските напади во некои региони на Украина направија пустош. Таква е ситуацијата во регионите под контрола на бунтовниците.

“Бев дома со мојот внук, сопругот и синот. Имаше застрашувачка врева. Пожарот беше повисок од куќата. Мојот внук се исплаши, па и јас. Ова е страшно, неописливо. Не знам како да живеам”, рече Наталија Панченко, жителка на Доњецк

Од бомбардирањето не беа поштедени ниту училиштата. Во нападот врз еден од нив загинаа двајца учители. Оштетени се многу згради во близина.

“Тоа е трагедија за нас, ќе биде трагедија за децата, не сите деца знаат што се случува. Страшно е”, рече Сергеј Бут, директор на училиштето. /Алсат.мк

Арта Тахири

Прикажи повеќе