Русија ја прекина испораката на природен гас за Финска по нејзината кандидатура за членство во НАТО. Увозот преку влезната точка Иматра е запрен, се вели во соопштението на Гасгрид Финска. „Газпром“ побара европските земји да ги платат испораките во рубљи поради санкциите наметнати на Кремљ, но Финска одби.

Претставниците на НАТО не успеаја да постигнат консензус за тоа дали да започнат преговори за членство со Финска и Шведска, рекоа дипломатите, додека Турција го повтори своето противење на пристапот на двете нордиски земји. /Алсат.мк

Прикажи повеќе