Руските сили повторно го бомбрадираат украинскиот град Одеса. Експлозии одекнаа утрово во градот. Жителите на градот на социјалните мрежи пишуваат дека во 6 часот имало експлозии. Експлозиите предизвикале најмалку три големи пожари во индустрискиот дел.

Изабел Хуршудјан, дописник на Вашингтон пост, е со седиште во Одеса. Таа се огласи на Твитер и изјави дека во центарот на градот се слушнала силна експлозија.

– Прозорците од мојата хотелска соба само се тресеа. Не е јасно што беше тоа – напиша Кушудиан.

Портпаролот на регионалната администрација Сергеј Братчук изјави дека утрово е погоден еден од „критичните инфраструктурни објекти” во Одеса.

Прикажи повеќе