Телата на руските војници загинати во војната во Украина ги полнат мртовечниците во Белорусија, изјави локален жител за Радио Слободна Европа.

Загинатите руски војници се испраќаат со камиони во мртовечниците, а потоа се испраќаат во Русија со воз или авион, велат жителите.

„Бројот на војници е исклучително голем. Луѓето на станицата Мозир беа шокирани од бројот на војници во возот“, изјави жител на Мозир за Радио Слободна Европа.

Се полнат и мртовечниците во Хомел и Нарулија, велат жителите.

На белоруските лекари им се заканува губење на работни места доколку бидат фатени како шират информации за војници убиени или ранети од Русија.

Американските власти процениле дека неколку илјади руски војници загинале во војната што влезе во третата недела.

Украинските власти соопштија дека досега се убиени повеќе од 13.000 руски војници, а уште илјадници се ранети.

Русија ги отфрли обвинувањата во соопштението објавено во петокот, во кое се наведува „Слични, неосновани тврдења беа изнесени повеќе пати. Во меѓувреме има и многу цивилни жртви. Според украинските власти, повеќе од 2.000 цивили се убиени во руските напади, меѓу кои и околу 80 деца. Нападот на Москва врз Украина започна во раните утрински часови на 24 февруари. /Алсат

Исуф Кадриу