Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон објави соопштение, во кое се вели дека во повикот со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот лидер уште еднаш ја нагласил „екстремната тежина на последиците од руската агресивна војна против Украина“ и го обновил своето барање за прекин на огнот.

Advertisements

Макрон, исто така, ја изрази својата загриженост за ситуацијата во Донбас и Мариупол и ја повика Русија да дозволи продолжување на евакуацијата од централата Азовстал, соопшти кабинетот на францускиот претседател.

Тој ја повика Русија „да ги исполни своите одговорности како постојана членка на Советот за безбедност со ставање крај на оваа разорна агресија“, се вели во соопштението.

Макрон се соочи со одредени критики за неговите напори да го одржи дијалогот отворен со Кремљ, ангажирајќи се во повеќечасовни телефонски разговори со Владимир Путин од почетокот на инвазијата.

Францускиот претседател разговараше со украинскиот лидер Володимир Зеленски изминатиот викенд.

Прикажи повеќе