Руските сили бомбардираа џамија во јужниот украински град Мариупол, каде што се засолниле повеќе од 80 возрасни и деца, меѓу кои и турски државјани, соопшти украинското Министерство за Надворешни Работи.

Украина ја обвини Русија дека одбива да им дозволи на луѓето да излезат од опколениот Мариупол, а ова одбивање остави илјадници луѓе заробени. Русија ја обвинува Украина за неуспехот на евакуацијата

Украинското Министерство за надворешни работи на Твитер напиша дека џамијата на султанот Сулејман Величествениот во Мариупол била „гранатирана од руски окупатори“.

„Повеќе од 80 возрасни и деца се кријат во џамиите по бомбардирањата, вклучително и турски државјани.

Сепак, се уште нема детали дали има загинати или повредени лица. Москва негираше дека цели на цивилни области.

Прикажи повеќе