Вејн Руни, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, имаше коментар по повод дебаклот на Манчестер јунајтед против Ливерпул во Премиер лигата (0:5).

„Црвените ѓаволи“ поминуваат низ катастрофален период после еден од најтешките порази во поновата клупска историја.

36-годишниот Руни (менаџер на Дерби каунти) го даде своето мислење околу ситуацијата во клубот и за својот поранешен соиграч Оле Гунар Солскјер, норвешкиот менаџер на екипата.

– Во раководството на Манчестер Јунајтед има многу образовани луѓе. Сигурен сум дека ќе направат се што можат за да видат како ќе продолжат напред, без разлика дали Солскјер ќе биде во клубот или не.

Мислам дека играчите треба да се запрашаат и да се погледнат. Премногу е лесно менаџерот да го преземе сето тоа додека се платени со големи пари за да ја завршат својата работа, а мислам дека не ја работат добро. Тоа е голема одговорност на играчите. Тие се фудбалери од светска класа, а клуб како Манчестер јунајтед бара повеќе.

Има огромни барања и голем притисок во Јунајтед. Гледам премногу играчи кои не сакаат да трчаат назад, кои не сакаат да играат одбрана, кои не го даваат максимумот, а тоа не е прифатливо. Сакате ми кажете дека велите дека за сето тоа е виновен менаџерот? Или се виновни играчите? Не знам – рече Руни.

Славниот Англичанец го носеше дресот на Јунајтед речиси 13 години, за кој одигра 559 натпревари и постигна дури 253 гола, освојувајќи 13 големи трофеи.