Германскиот фудбалер од лондонски Челси Антонио Рудигер ќе го напушти премиерлигашот на крајот на сезоната како слободен фудбалер и негов следен клуб ќе биде Реал Мадрид.

Рудигер има договор до крај на сезоната со Челси, а веќе одби неколку понуди од премиерлигашот затоа што сака поголема плата, но и нов предизвик, кој може да му го понуди шпанскиот гигант.

Британски „Сан“ пишува дека агентот на Рудигер се договорил со Реал Мадрид за тригодишна соработка со плата од 12 милиони евра по сезона.