На поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони му е дијагностицирана леукемија, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи извор близок до ова прашање кој ја потврдил информацијата која првично ја објави италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Advertisements

Осумдесет и шестгодишниот Берлускони од вчера е на интензивна нега на кардиолошкиот оддел во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано поради проблеми со срцето и отежнато дишење.

Берлускони ќе остане и натаму на интензивна нега, а неговиот личен лекар Алберто Зангриљо би можел да одржи прес-конференција за да ја илустрира здравствената состојба на поранешниот италијански премиер.

Берлускони имаше низа здравствени проблеми во последниве години. Со години имаше пејсмејкер, имаше операција на срцето во 2016 година и го победи ракот на простата. Во 2020 година прележа и ковид.

Партијата Форца Италија на Берлускони е дел од десничарската коалиција на актуелната премиерка Џорџа Мелони, иако поранешниот премиер нема улога во италијанската влада.

Прикажи повеќе