Кристијано Роналдо е главна ѕвезда на „Олд Трафорд“ и очигледно неговиот збор го почитува цело раководство на Манчестер јунајтед. Тој во моментов не е во добри односи со тренерот Оле Гунар Солшер, кој е пред отказ, но Португалецот ѝ соопштил на управата кого не сака за нов стратег.

Антонио Конте се споменуваше како наследник на Солшер на кормилото, но британските медиуми откриваат дека Роналдо е против идејата да се ангажира италијанскиот тренер, а причината за тоа е бизарна.

Португалскиот ас би сакал тренер кој инсистира на помал интензитет на игра затоа што има 36 години и не е во состојба да го следи ритамот во текот на целиот натпревар кој го наметнува Конте.