Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо би можел да го напушти Манчестер јунајтед доколку „Црвените ѓаволи“ не обезбедат место во Лигата на шампиони, објавија британските медиуми.

Роналдо во август годинава се врати во Јунајтед од Јувентус, потпишувајќи двегодишен договор.

Весникот „Дејли Експрес“ пишува дека Португалецот не е задоволен од последните резултати на клубот и јасно му ставил на знаење на раководството дека не сака да игра во Лига Европа.

Роналдо сезонава на 12 натпревари постигна девет голови, додавајќи и една асистенција.