Италијанската Серија А условно ја казни екипата на Рома со затворање на дел од стадионот „Олимпико“ на еден натпревар поради дискриминаторски и расистички повици, кои можеа да се слушнат од трибините за време на дербито одиграно во неделата против Милан.

Станува збор за дел од стадионот на кој се собираат најрадикалните навивачи на Рома, Ултраси, кои на дуелот против Милан ги навредуваа Златан Ибрахимовиќ и Франк Кеси.

Рома тврди дека клубот со години се бори против расизмот и дискриминацијата.

– Во Рома владее нулта толеранција кон расизмот во која било форма и правиме сè што е во наша моќ да се видат тие позитивни промени, соопшти римскиот прволигаш.