Сопственикот на Челси Роман Абрамович свесен дека Барселона не е во најдобра финансиска ситуација и е „принудена“ да ги продава своите играчи ќе купува од оваа екипа.

Роман посакува да ангажира тројца играчи од редовите на каталонскиот клуб.

Првото име на листата желби, а секако по барање на менаџерот Томас Тухел, се наоѓа Френки Де Јонг. Ситуацијата со холандскиот фудбалер од средниот ред се промени оваа сезона и неговите партии се далеку од минатогодишните. „Ел Насионал“ тврди дека од „Стемфорд Бриџ“ се подготвени да понудат 60 милиони евра за играчот.

Втора желба е талентираниот Гави, кој има откупна клаузула од 50 милиони евра и која Челси е подготвен да ја плати.

Абрамович сака да го ангажира и дефанзивецот Сержињо Дест кој не се вклопи во плановите на Чави, иако беше неприкосновен во првите 11 кога тренер беше Ронад Куман. Барса за возврат бара 20 милиони евра, што е за еден милион помалку во однос на парите кои се потрошени за неговото доаѓање во 2020 година.