Денеска се одржа ждрепката за бараж дуелите за пласман на Светското ракометно првенство кое во 2023 ќе се одржи во Шведска и Полска.

Во првиот бараж Македонија ќе игра против Романија, во првиот меч ние ќе бидеме домаќини.

Доколку ја поминеме Романија, последниот противник до пласман на Мундијалот ќе ни биде селекцијата на Чешка. Со Чесите реваншот ќе го играме на домашен терен.

Првите баражи, односно натпреварите меѓу Македонија и Романија се играат од 14 до 20 март, додека вторите на програмата се меѓу 11 и 17 април. Првиот меч се игра во Чешка, вториот е во Скопје.

Русија – Словачка/Белгија
Украина/Финска – Хрватска
Грција/БиХ – Црна Гора
Португалија/Швајцарија – Холандија
Италија/Словенија – Србија
Германија – Фарски Острови/Белорусија
Чешка – Македонија/Романија
Австрија/Естонија – Исланд
Израел/Литванија – Унгарија