Челниците на Ролан Гарос ја комплетираа ждрепката и костурот за претстојниот втор сезонски Грен слен турнир. Трката за трофејот во Париз ќе тргне в недела, а ќе трае до 11 јуни. Како прв носител фигурира Карлос Алкараз, додека втор е Данил Медведев и тие двајца беа сместени на спротивните страни на костурот.

По извлекувањето, Новак Ѓоковиќ кој важи за прв фаворит на турнирот иако е трет носител, се падна во делот од ждрепката на Алкараз. Тие двајца би можеле да се судрат во потенцијалното полуфинале, додека на тој дел од извлекувањето се уште Андреј Рубљев и Стефанос Циципас. На спротивната пак, главен носител е Медедев. Тој до финалето може да налета на Холгер Руне, Каспер Руд, Александер Зверев, Јаник Синер…

Во четвртфиналето може да дојде до судир на првите осум носители, секако ако претходно сите победуваат на патот до него. Доколку тоа се исполни, нема сомнеж дека фазата на осумте најдобри ќе биде спектакуларна.

Потенцијални четвртфинални парови:

Алкараз (1) – Циципас (5)

Ѓоковиќ (3) – Рубљев (6)

Руне (6) – Руд (4)

Синер (8) – Медведев (2)

За жал, турнирот во Париз ќе мине без најголемиот шампион Рафаел Надал. Шпанецот поради повреда нема да може да заигра на Ролан Гарос, а нема потреба да се зборува за неговите успеси на овој Грен слем./Gol/