ОВЕН

Финансиската стабилизација ви создава поволни деловни услови. Време е да ја реализирате вашата одлична иновативна идеја. Односот со партнерот бара дополнително прилагодување, недоразбирање. Различен притисок.

БИК

Венера и Сонцето во Рак, во вашето поле на комуникација, ви носат цела низа состаноци. Ве очекува вносен договор. Случајната средба со личност на кратко патување остави трага на вас. Забавено варење.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците кои работат со странци денес можат да направат важен деловен договор. Вашиот стар план се остварува. Започнување нова љубовна врска со личност која сте ја запознале преку пријател. Таа љубов можеш да ја сокриеш на почетокот. Проблем со синуси.

РАК

Треба да донесете многу важни одлуки во врска со нова инвестиција или работа на нова позиција. Парите ги трошите рационално, можни се неочекувани трошоци. Започнувањето нова врска ви ги носи првите сомнежи. Партнерот се однесува неконзистентно. Проблеми со притисокот.

ЛАВ

Овој период може да биде многу успешен, но само доколку примените добра тактика во остварувањето на целите. Полни сте со енергија, а резултатите нема да изостанат. Можете да запознаете исклучително интересна личност во знакот на Шкорпија или Риби. Ново љубовно поглавје. Вртоглавица.

ДЕВИЦА

Главна тема на овој ден може да биде деловна средба со соработниците. Вашите оригинални идеи не наидуваат на добар одзив. Размислувате да стапите во тајна врска со личноста за која постојано размислувате. Бурна авантура Главоболка.

ВАГА

Внимавајте со парите бидејќи можни се непредвидени трошоци. Меѓучовечките односи на работа може да се влошат. Подновување со личност која некогаш многу ви значела. Можна е паралелна љубовна сцена. Нервоза.

ШКОРПИЈА

Овој ден може да се одбележи со службено патување. Овој пат ќе даде успешни резултати бидејќи ќе ја проширите деловната соработка. Враќањето на поранешната љубов може да ве стави во дилема дали да ја продолжите таа љубовна приказна. Слушај го твоето срце. Нервоза.

СТРЕЛЕЦ

Вашата соработка со еден соработник може да биде проблематична. Бидете пофлексибилни во бизнисот. Во искушение сте да влезете во тајна врска со личност која ја познавате преку пријател. Слушај го твоето срце. Намален имунитет.

ЈАРЕЦ

Излез од денешните тензии ќе најдете во совршена деловна организација. Бидете внимателни во комуникацијата со претпоставените. Незадоволни сте од некој аспект од однесувањето на партнерот. Свртете му го вниманието на се што ве мачи. Солидно здравје.

ВОДОЛИЈА

Голем број планети се во вашето поле на деловна соработка. Внимателно во комуникацијата со колегите и претпоставените. Отворено разговарајте со партнерот за тоа што ве мачи во врската. Во спротивно секој ќе живее во свој свет. Вртоглавица.

РИБИ

Ве очекува деловна понуда од компанија или соработник од странство. Подобрување на финансиската состојба. Запознавањето со личност во знакот Девица или Јарец може да прерасне во сериозна врска. Солидно здравје.