Стандардниот член на македонската младинска кошаркарска репрезентација Богдан Мирковски останува во Италија, но кариерата ќе ја продолжи во нов клуб.

Мирковски, кој беше дел од репрезентацијата „Под 20“ години на ФИБА Челенџерот во Шопрон, се договори со екипата на Некст Нардо, и во оваа сезона ќе игра во италијанската А2 лига.

– Среќен сум што доаѓам во Нардо и едвај чекам да им се ставам на располагање на тренерот Гандини, и на тренерот Куличи. Тие веќе ми кажаа кои се нивните очекувања. А што се однесува до мене, подготвен сум да дадам се од себе, и да донесам многу радости на публиката која навива за Нардо, изјави Мирковски, кој во изминатите сезони беше дел од екипата на Проџето Канту.

Тој ќе биде регистриран и за селекцијата „Под 19“ години, а ќе има право на настап и во Серија Ц лигата на Италија.