Во Чешка е регистриран највисокиот дневен биланс на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата. На 16 ноември се пријавени 22.479 нови случаи на заразени во земјата која има 10,7 милиони жители.

Advertisements

Податоците што денеска ги објави Министерството за здравство покажуваат дека има раст на бројот на заразени за 54 отсто во споредба со пред една недела. Досега во земјата највисока бројка на заразени е забележана во јануари кога имало 17. 778 инфекции во еден ден.

Бројот на заразени повторно расте во голем број европски земји, вклучително и соседите на Чешка – Австрија, Германија и Словачка, бидејќи студеното време влијаеше на ширењето на вирусот.

Прикажи повеќе