Претставникот на надворешната политика на ЕУ, Жозеп Борел, престојуваше во Тирана каде рече дека Албанија ги исполнила условите за европска интеграција и дека војната во Украина ја прави интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ уште поитна. А, Рама процесот на интеграција го опиша како свадба за која ЕУ се уште не е подготвена. Според него, свадбата со Албанија „нема сват кој ќе ја одбие затоа што сме во голема љубов“.

„Ние сме многу заљубени во Европа. Ова не прави подготвени да се венчаме во моментот кога Европа ќе каже  дека и јас сум подготвена и нема да биде доволно да каже, многу те сакам но немаме време да разговараме заедно бидејќи зборуваме за преговори за членство. Изјави за љубов сме добиле и добиваме и ги заслужуваме затоа што заслужуваме да бидеме сакани, но нема да правиме подготовките за свадба како порано. Тие не се појавуваат, не затоа што не сакаат, туку зашто немаат време да се венчаат. Кога ќе бидат готови, нема да има огномет, туку тоа ќе биде потрошен брак“, изјави Еди Рама, Премиер на Албанија

“Албанија веќе ги исполни сите критериуми за отворање на преговорите за членство. Уште еднаш гласно велам дека ја поддржувам работата што се работи. Ќе бидам посветен на поддршката за отворање на преговорите за време на француското претседателство. Нема одреден датум, но тоа е нашиот хоризонт и време, како за Албанија, така и за Северна Македонија“, изјави Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ /Алсат.мк

Прикажи повеќе