Македонските ракометни репрезентативци со чартер-лет од Скопје попладнево пристигнаа во Дебрецин пред стартот на ЕП 2022 година/

Проблемите со коронавирусот на неколку ракометари не остави трага врз мотивираноста, „црвено-жолтите“ се решени и со подмладен состав да се прикажат во добро светло.

Според информациите вечерва нашите ракометари треба да го одработат и првиот тренинг во Дебрецин.