Машката ракометна репрезентација на Македонија предводена од селекторот, Кире Лазаров, и од претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, беше свечено примена во Амбасадата на САД, на посета на aмбасадорката, Ангела Агелер.

„Денес на покана на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција г-ѓа Ангела Агелер , беше одржан прием за машкиот сениорски национален ракометен тим. Во рамки на посетата претседателот на РФМ г-дин Живко Мукаетов и Селекторот г-дин Кирил Лазаров и подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското Првенство 2025 . РФМ упатува голема благодарност за приемот и подршката која ја добива до Амбасадата на Соединетите Американски Држави“, објави Ракометната Федерација на Македонија на својата официјална фејсбук-страница.

Агелер беше забележана со Мукаетов на трибините на светското првенство во Вараждин додека ги бодреше македонските ракометари.

Текстот Ракометарите и претседателот Мукаетов на гости кај американската амбасадорка, Агелер е превземен од МАКФАКС.